Џамбазов откри неочекувана понуда од жена политичар: Подобро претседател во Сретеново отколку на Македонија

Игор Џамбазов во подкастот „Претрес со Ландов“ за првпат откри дека пред година и пол добил изненадувачка понуда – да се кандидира за претседател на државата. Како што раскажа, сè започнало кога неговиот букинг менаџер му јавил дека од Скопје го бараат „за нешто поврзано со Скопје – европски град на културата 2027“. Џамбазов прифатил средба во Дојран, но набргу сфатил дека приказната е сосема поинаква. „Дојде човек и ми вели: ‘Јас сум дојден во име на 150 скопски интелектуалци, сакаме да се кандидираш за претседател на Македонија. Анкети се правени, ти влегуваш во втор круг’“, прераскажа Џамбазов.