Кинески научници се спуштија на дното на Пацификот и останаа во шок: Животот цвета и на 10 километри длабочина!

Дното на океанот полн со школки, колонии на бактерии што личат на мраз и полиња со цевчести црви – се само дел од необичните, екстремни облици на живот што ги регистрираше кинеската научна експедиција во најдлабоките делови од Тихиот Океан. Користејќи подморница со човечки екипаж, тим истражувачи од Кина се спушти во океански ровови во северозападниот дел на Пацификот и документираше живот на длабочини поголеми од девет километри.