Инспиративна животна приказна: Оливер дал отказ и започнал да едри заедно со својата мачка - Вчера пристигнал на Хаваите

По речиси еден месец пловење низ Тихиот Океан, Оливер Видгер и неговата мачка Феникс успешно се закотвија на бреговите на Хаваи. Нивната необична и инспиративна приказна брзо се прошири по социјалните мрежи, освојувајќи ги симпатиите на илјадници луѓе ширум светот. Видгер, кој доскоро имаше стабилна канцелариска работа, во април ја напушти удобната рутина и тргна во неизвесност, од марината во Варентон, Орегон, со цел да го премине океанот и да стигне до Хаваите. На 24 мај го оствари својот сон, а своето пристигнување го овековечи со фотографии и видеа на Инстаграм, каде редовно ја споделуваше секојдневната реалност на бродот заедно со Феникс.