Хаос избувна денеска на седница на српскиот парламент кога се степаа пратениците на власта и опозицијата. Пратениците фрлаат димни бомби. Салата е полна со чад. Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, која реагира на чадот во салата, рече дека седницата мора да се прекине.