Игрицата „Assassin's Creed Shadows“ е одложена за 20 март
Долгоочекуваната игрица „Assassin's Creed Shadows“ повторно е одложена, објави „Ubisoft“. Игрицата требаше да се појави на пазарот на 14 февруари годинава, но Ubisoft одлучи да го одложи нејзиното излегување за 20 март. Ова е второ одложување на пристигнувањето на игрицата, која првично требаше да биде достапна навреме за празниците во 2024 година.
Причината за доцнењето е иста. Програмерите велат дека го користат дополнителното време за да ја исполираат игрицата, која претходно беше опишана како „најголемата титула во франшизата“. Од Ubisoft велат дека континуирано ја следат реакцијата на играчите од заедницата и прават промени врз основа на нив.
Долгоочекуваната игрица „Assassin's Creed Shadows“ повторно е одложена, објави „Ubisoft“. Игрицата требаше да се појави на пазарот на 14 февруари годинава, но Ubisoft одлучи да го одложи нејзиното излегување за 20 март. Ова е второ одложување на пристигнувањето на игрицата, која првично требаше да биде достапна навреме за празниците во 2024 година. Причината за доцнењето е иста. Програмерите велат дека го користат дополнителното време за да ја исполираат игрицата, која претходно беше опишана како „најголемата титула во франшизата“. Од Ubisoft велат дека континуирано ја следат реакцијата на играчите од заедницата и прават промени врз основа на нив.