Актерката Рене Зелвегер повторно ќе ја видиме во улогата на Бриџит Џонс. Рене Зелвегер ќе ја повтори својата иконска улога во четвртиот дел од оваа продукција. Филмот ќе се вика „Bridget Jones: Mad About the Boy“. Покрај Рене, своите улоги ќе ги репризираат Хју Грант и Ема Томпсон, како и Сали Филипс, Ширли Хендерсон, Џим Бродбент, Селија Имри и други. Нико Паркер, Жосет Сајмон, Лила Фарзад, Ајла Фишер, меѓу другите, се приклучуваат на тимот.