По пет години ги радуваат фановите со нов сингл: „Ван Гог“ ја претставија песната „Луд и сам“

Откако во 2019 година нѐ воодушевија со албумот „Море без брегови“ и со турнејата, која траеше цели пет години, групата „Ван Гог“ го започнува своето ново музичко поглавје, со синглот „Луд и сам“. Публиката на 27 октомври во 18 часот на јутјуб-каналот musicvangogh имаше можност премиерно да го погледне спотот, а веќе од денеска песната ќе се најде во регионалната медиумска ротација!