Премиерот Мицкоски со највисоки почести го пречека српскиот премиер Вучевиќ

Свечената церемонија од дочекот се одржа на платото пред зградата на Владата, каде што по интонирањето на химните на двете држави, Мицкоски и Вучевиќ, движејќи се по црвениот килим, оддадоа почит и се поклонија пред државните симболи на земјава.