Објавен трејлер за контроверзниот филм за Доналд Трамп

На Јутјуб конечно пристигна трејлер за биографскиот филм за Доналд Трамп, „The Apprentice“, кој ја имаше премиерата на овогодишниот филмски фестивал во Кан. Биографскиот филм е сместен во 1970-те во Њујорк и ги прикажува раните денови од кариерата на Трамп. Доналд Трамп го отелотвори Себастијан Стен додека неговиот ментор, адвокатот Рој Кон, го игра Џереми Стронг, најпознат по хит-серијата на „HBO“, „Succession“.