EVA и SEVENTEEN заедно во проектот "Научете професионалнo да шминкате и заработете"

Точка

24/06/2013

12:00

5.554

Големина на фонт

а а а

Ева Нединковска, која за повеќето од нас е позната како пејачката Ева и докажано лице во уметноста, својата професионална кариера изминативе две години ја гради повторно во рамки на уметноста, но на еден малку поинаков начин за разлика од останатите наши уметници.

Ева е претприемач и директорка на Центар за обука ЕВА (Едукативна вокациска асистенција), а сега е и заштитно лице на брендот SЕVENTEEN. Во ЕВА тренинг центарот се одржуваат јазични курсеви, преводи и толкување, креативни курсеви и уметност, професионални обуки од различни области во соработка со стручњаци, консултанти и експерти од областите.

Од бројните курсеви и обуки кои се спроведуваат во моментов мошне е популарен проектот „Научете да шминкате и заработете” кој започна соработка со брендот за декоративна Козметика SЕVENTEEN. Токму оваа соработка е поводот за нашиот разговор со Ева, со цел да дознаеме нешто повеќе за овие обуки и тренинзи, а додека ги очекуваме првите фотографии од кампањата со Ева, дознавме и каква шминка ќе биде во тренд ова лето.


Точка: Од неодамна ја започнавте соработката со брендот за декоративна козметика SЕVENTEEN и проектот „Научете да шминкате и заработете”. Започна и курсот по професионална шминка, на кој слушателите ќе имаат можност да ги научат тајните на професионалното шминкање, и со тоа да си отворат можност за градење професионална кариера на ова поле. Кажете ни нешто повеќе за овој курс, и кога се уписите?

Ева: Курсот по шминка, во текот на предвидените 20 часа, ќе ги воведе курситите во основите на професионалната шминка, пред се’ модната и сценската, ќе им даде теоретска основа со постојана практична примена, вежби секој час и на крај на курсот ќе им овозможи шминкање на професионална фотосесија или ТВ снимање и изложба на фотографии со нивна најуспешна шминка. Некој од завршените курсисти ќе добие пракса и можен иден професионален ангажман. Сите курсисти шминкаат со козметиката на Seventeen и преку ЕВА ќе имаат дополнителни поволности во однос на користењето на широкиот спектар на производи од Seventeen доколку продолжат да работат како make-up артисти. Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за курсот кој почнува од 22 – 28 јули во склоп на Летната школа Охрид 2013 или за следниот курс во Скопје од септември. Местата за тековниот се веќе пополнети.


Точка: Кој ги држи предавањата на овој курс?

Ева: Предавањата ги врши Елена Митев – Ека, професионален make-up artist со долгогодишно искуство како make-up artist на наши познати лица од светот на уметноста и јавниот живот, како професионалец кој работел на телевизиски проекти како Танц со ѕвездите, Идол и многу други.

За соработката на Seventeen со EVA зборуваме и со Лидија Ангелкова, маркетинг менаџер од Меркур Трејд.


Точка: Со оглед на тоа што почнавте соработка со етаблиран центар како што е ЕВА и со Ева Нединковска како докажано лице од уметноста, дали тоа значи дека Seventeen како бренд започнува нова маркетинг кампања?

Seventeen-Lidija: Seventeen е бренд за декоративна козметика со висок квалитет, кој постои уште од 1962 година, најпрво фокусирајќи се на пазарот во матичната земја Грција, а потоа масовно се проширува низ регионот и цела Европа.

Нашата цел е да допреме до сите иновативни, модерни, урбани и софистицирани девојки и жени, да ја разбудиме креативноста и да им понудиме едно ново беспрекорно уживање.
Заедничката соработка се наметна како обострана природна потреба и привилегија, еден спој на квалитети, кои се надеваме ќе придонесат во напорите да ги презентираме најновите модни трендови во областа на шминката .

Training Center EVA и Ева Нединковска се совршена можност да ја запознаеме пошироката јавност со квалитетната понуда на декоративната козметика на Seventeen и навистина сме среќни што широката палета на производи на Seventeen ќе придонесе во креативниот процес на мејк ап артистите во Training Center EVA.


Точка: Кој е моментално хит производот од Seventeen кој им го препорачале на припадничките на понежниот полд и дали би можеле да им дадете неколку совети за што е најдобро да се користи и каков изглед да се постигне оваа летна сезона?

Seventeen-Lidija: SEVENTEEN ги задоволува најсофистицираните побарување на своите потрошувачи и секоја сезона успешно лансира по неколку нови бои на сенки, кармини, руменела и маскари кои се во чекор најсовремените светски трендови. Специфично за престојната сезона се маскарите во боја, кои ќе им понудат нова дименизја на вашиот изглед, во сина, зелена и виолетова нијанса, кои совршено одговараат на летното расположение.

Во лето, жените/девојките сакаат да имаат убав исончан тен и дискретна шминка. За таа цел употребувајте ја течната пудра на SEVENTEEN- Natural Velvet , збогатена со витамини А и Е и заштитен фактор СПФ 20, без додаток на масла, која ќе ја хидрира вашата кожа и ќе и даде мат ефект. За исончан и блескав изглед на кожата, нанесете на вашето лице , деколте и рамена од уникатните бронзери Bronzing powder . Изберете за вашите усни нијанса на сјај за усни Ultra gloss кој ќе ја дополни вашата убавина. Разиграјте ги ноктите со лакови за нокти во живи, пастелни бои .


Да поразговараме малку и со make-up артистката Елена Митев – Ека, предавачот на курсот по шминка.

Точка: Веруваме дека читателите ќе ги интересира за згодите и незгодите додека шминкате јавни лица, ете во “Танц со ѕвездите”, како најсвежо, на пример, кој од нив беше суетен, кој соработуваше добро, кој беше недоверлив и сл. и како се справувате со тоа?

Ека: Со сите беше интересно и забавно да се работи но сите се толку различни кога станува збор за довербата и препуштање на својот изглед на друг. Имаше интересен момент кога Васил Зафирчев ме подучуваше како да ја шминкам неговата партнерка Наде, позитивно и секако низ смеа, но подоцна и самиот тој седнуваше на моето столче. Викторија Лоба на почетокот беше толку скептична во однос на шминката и не доволуваше никој да ја допре, но во текот на 2/3 снимања откако го виде исходот од мојата работа доаѓаше со солзи радосноци од задоволство па тие дружби прераснаа во пријателство. Водителката Симона Николовска, која е реална и дури доста самокритична, беше безрезервно препуштена во моите раце и шеговито знаеше да каже “Екце, сакам се’ да ми ставиш” (се смее). Актерката Јелена Јованова беше многу опуштена за соработка и ми вети дека ќе ме земе во Холивуд како личен шминкер, па ќе видиме.


Да се навратиме за крај повторно на Training Center EVA

Точка: Што претставува ЕВА како центар, како настана идејата за отворање на еден ваков центар во Скопје, која беше целта која тогаш сакавте да ја постигнете и по што ЕВА се разликува од другите центри?

Ева: Идејата за отварање на Центарот ЕВА произлезе од фактот што дотогаш не постоеше образовен, креативен и уметнички центар што обединува толку различни програми на едно место, што го спојува прагматичното корисното со она креативното и творечкото и што нуди толку можности за луѓето од секоја возраст. ЕВА нуди едукација од различни области, пред се странските јазици, па дел од уметностите, музика, фотографија, драма, сликање, а потоа обуки од областа на комуникациските вештини и психологијата, деловните и продажните вештини итн., во соработка со експерти и докажани стручњаци од областите. Со тоа сме насочени да им помогнеме на слушателите да постигнат високи резултати на нивното работно место, на факултет, во школо, во животот општо, да стекнат различни вештини или пак да развијат некој свој талент. Прераснувајки во еден од водечките центри за неформално образование кај нас, ЕВА на слушателите им нуди и можности за пракса, како во случајот со школата за новинари и водители после која имаат можност да видат како се работи во некој од етаблираните медиуми, а во некои случаи и програми и понатамошна поддршка во градење сопствена кариера.


Точка: Меѓу останатите курсеви и обуки кои ги нудите, интересно е тоа што имате и уметнички центар, каде посетителите доаѓаат на часови по пишување, музика, фотографија, шминка и цртање и сликање. Каков е интересот з а посета на овие курсеви, и кој ги одржува часовите?

Ева: Интересот за уметничкиот центар е голем. Деца, студенти и возрасни луѓе од секоја возраст ги посетуваат програмите и го негуваат својот талент. Имено пред нецели две имавме завршна манифестација во Салон 19 19, класичен концерт на курсистите по музика (соло пеење, пијано и виолина) и театарска претстава на курсистите по англиска драма, а од своето постоење до денес Центар ЕВА има организирано три изложби на фотографии од курсистите по фотографија. Следната изложба на фотографии ќе биде во соработка со курсистите по шминка, на почетокот на септември. Часовите во ЕВА ги одржуваат повеќе професори, предавачи, креативци, уметници-визионери, сите искучително успешни и докажани во својата област како професионалци. Секој од нив со многу љубов и посветеност го пренесува своето знаење и го прави процесот на изучување вреден сам по себе


Точка: За која област од Центарот постои најголем интерес покрај овие уметнички курсеви?

Ева: За сите останати, но можеби најмногу за деловен англиски јазик и деловна комуникација, кој им помага на деловните луѓе и студентите пред вработување a исто и подготовките за меѓународно признати сертификати како TOEFL и IELTS кои нашите слушатели успеваат да ги положат со високи резултати и да се запишат на посакуваниот факултет во странство.

Точка: Освен класичните курсеви интересно е тоа што организирате и летни школи, конкретно летово се организира Летна школа Охрид 2013 во Охрид. Кажете ни нешто повеќе за ова?

Ева: Летната школа Охрид 2013 е несекојдневна можност да споите учење, забава и одмор и да искомбинирате некои од активностите како нуркање, бродски тури, фитнес и зумба, водени лудории и спорт. Летната школа нуди три пакети на програми по избор, како фотографија, шминка, англиски јазик, драма, креативно пишување, цртање и сликање итн. Има програми и за деца и за возрасни, а сместувањето со полн пансион е вклучено во самата школа. Се’ што треба е да уживате и да поминете 7 исполнети и несекојдневни денови во Охрид. Повеќе детали можете да погледнете на http://www.tc-eva.com/ohrid-summer-school-2013.shtml. Пријавувањето е во тек.