[ФОТО] Златната фудбалерка го „фрли“ дресот и облече проѕирен фустан: Нејзиното деколте привлече големо внимание

Точка

19/11/2026

19:41

740

Големина на фонт

а а а

Навикнати сме да ја гледаме во фудбалски дрес и на теренот, но Клои Кели овојпат се претстави во сосема поинакво издание.

Англиската фудбалерка Клои Кели привлече големо внимание на доделувањето на наградите „GQ Men of the Year“ во Лондон, каде што се појави во мошне смела модна комбинација. Наместо спортскиот дрес во кој сме навикнати да ја гледаме, овојпат избрала елегантен црн фустан кој го откривал нејзиниот грб, додека проѕирната ткаенина на целокупниот изглед му давала дополнителна доза сензуалност.


Фустанот со тесен крој ја истакнал нејзината фигура, а отворениот грб бил еден од највпечатливите детали на комбинацијата. Со овој избор Клои покажала сосема поинаква страна од својот стил, далеку од фудбалскиот терен и спортската опрема.


На свечениот настан се собрале бројни познати личности од светот на спортот, модата, музиката, филмот и забавата, а фудбалерката на Арсенал била меѓу гостите кои го привлекле вниманието на фотографите.

Нејзиното појавување доаѓа во период кога закрепнува од повреда на задната ложа, поради која не можела да се најде на најновиот список на репрезентацијата на Англија. Повредата ја оддалечи од терените уште кон крајот на септември, па затоа нема да учествува ниту во претстојниот плејоф за пласман на Светското првенство за жени, против Украина.


Клои Кели е една од најпрепознатливите фудбалерки на англиската репрезентација, со која освои европски титули во 2022 и 2025 година. Особено се памети нејзиниот гол против Германија во финалето на Европското првенство во 2022 година, кога во 110-та минута го постигна решавачкиот погодок.