Се зголемува бројот на обвиненија против протестантите во Турција

Нетпрес

22/06/2013

16:39

895

Големина на фонт

а а а

Во Турција продолжува покренувањето обвиненија по анти-владините протести кои во изминатите три недели ја потресоа земјата.

Денес во Анкара е одреден притвор на уште 22 осомничени. Судот во турската претстолнина обвини 22 демонстранти и им одреди притвор поради учество во демонстрациите, потврди Здружението на современи адвокати. Тие додадоа дека уште тројца демонстранти биле приведени, но се ослободени

Обвинението се однесува на нивната улога во организација на демонстрациите и нивно наводно учество во насилни дејствија во име на тајна организација, информира турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк на својот интернет сајт.

Апсењата следуваа по полициската акција во круговите на екстремната левица во Истанбул и Анкара. Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Гулер изјави дека операцијата била подготвувана многу порано и дека осомничените се исто така вмешани во демонстрациите.

Заедно со овие 22 уапсени, најмалку 46 луѓе се притворени од кога пред една недела полицијата интервенирала да го расчисти паркот Гези. Најмалку четворица загинаа, а повеќе од 7800 се повредени во демонстрациите најголеми до сега, откога исламската конзервативна влада е на власт од 2002 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг