Големи полициски операции спроведени во Истанбул и Анкара

Нетпрес

18/06/2013

10:28

703

Големина на фонт

а а а

Турската полиција изврши масовни операции во текот на изминатата ноќ и рано утринава во Истанбул и во Анкара, објави новинската агенција ДХА.

Во Истанбул екипи на одделот за борба против тероризмот спроведоа во раните утрински часови операции на однапред одредени адреси. Уапсени се многу лица во рамките на операцијата, за која станува познато дека се води во рамките на истрагата на настаните во паркот Гези на плоштадот Таксим.

Околу седум часот утринава приведените во операцијата беа однесени во Институтот за судска медицина за да поминат низ задолжителните лекарски прегледи. Потоа ќе бидат вратени назад во зградата на Дирекцијата за безбедност на булеварот Ватан.

Во Анкара во рамките на истрагата на настаните во врска со паркот Гези се извршени полициски операции на 26 различни адреси, наведува ДХА.


Спонзорирани линкови

Маркетинг