Нова форма на протест во Турција

Нетпрес

18/06/2013

09:42

2.010

Големина на фонт

а а а

Нова форма на мирен протест се појави во Турција, откако властите ги растераа демонстрантите од плоштадот Таксим во саботата и забранија нови собири, јавува АФП.

Во понеделникот вечер еден човек застанал на средината од плоштадот и почнал да гледа во големиот постер од основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

Застанал молчејќи и со поглед вперен пред него не поместувајќи се со часови.

Вестта брзо се проширила по социјалните мрежи и стотици луѓе дошле на плоштадот за да го видат лично. Името на човекот е Ердем Гјунуз.


Неговата форма на протест од еден човек е решение за да се заобиколи забраната за собирање на плоштадот.

Во саботата полицијата искористи солзавец и водени топови за да ги растера илјадниците демонстранти од плоштадот и паркот Гези, одземајќи им го симболичното срце на нивниот протест.


Спонзорирани линкови

Маркетинг