Другата страна на турските протести: соработка, помош, љубов

Нетпрес

13/06/2013

12:27

3.571

Големина на фонт

а а а

Речиси двонеделните протести во Турција ја покажаа вистинската страна на луѓето, нивната сплотеност кон постигнувањето на заедничката цел – не само спас на легендарниот парк Гези, туку и спас за демократијата во државата.

Тие се споија без оглед на годините, верата, политичката определба, а дури и вечните фудбалски ривали застанаа заедно против, како што велат тие, тиранинот Ердоган.



И филмските ѕвезди излегоа на улиците.


Погледнете колку сплотен може да биде еден народ кога станува збор за неговата иднина. Како заеднички ги издржаа ноќите, полициското насилство и успеаа да му се спротистават на премиерот и неговата политика.


Луѓето застануваа да им помогнат на непознати поединци кои настрадале од солзавец.


А се погрижија и малите пријателчиња да бидат добри.


Овој ветеринар намести шатор во кој ги лекува повредените животни бесплатно, 24 часа на ден.


Оваа млада брачна двојка не дозволи малку солзавец да им се испречи во венчавањето.


Луѓето собираа и носеа бесплатна храна за протестантите.


Многу хотели, џамии и деловни објекти ги отворија вратите за да обезбедат засолниште и медицински третман на протестантите.


Секогаш има време за добра книга.


Љубов, пред насилство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг