Протестите во Турција земаа нова жртва

Точка

13/06/2013

12:17

2.698

Големина на фонт

а а а

Бројот на жртви на демонстрациите кои две седмици ја потресуваат Турција се искачил на пет, откако еден ранет демонстрант денес починал во болница, изјавил утрово адвокатот на семејството на починатиот.

Етем Сарисулик, 26-годишно момче од Анкара, со денови бил на апарати за одржување во живот, откако на 1 јуни бил погоден во глава со канистер од солзавец, изјавил адвокатот Сема Акшој, пренесува агенцијата AP.

Демонстрантите се' уште се собираат во истанбулскиот парк Гези, иако владата вчера предложила референдум за плановите на уредување на Истанбул.

Од групата за заштита на човековите права било соопштено дека повеќе од илјада лица се здобиле со повреди од почетокот на протестите на 31 мај, кои од Истанбул се проширија и во други градови.

Демонстрантите од почетокот се противеле на преуредување на центарот на Истанбул, меѓутоа подоцна демонстрациите прераснале во антивладини.


Спонзорирани линкови

Маркетинг