Таксим под полициска опсада, протестите ја зедоа и петтата жртва

Нетпрес

11/06/2013

15:06

4.625

Големина на фонт

а а а

Турската полиција околу пладне повторно употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите од истанбулскиот плоштад Таксим, а денеска е забележана и петтата жртва.

Според непотврдени информации, уште едно лице денеска загинало откако било погодено со канистер за солзавец во главата на плоштадот Таксим.

Демонстрантите во Истанбул на оваа акција на полицијата возвратија со огномет, противпожарни бомби и камења.



„Ќе се бориме, сакаме слобода. Ние сме борци за слобода“, рекол еден од младите учесници на утринските нереди.

Полициски кордон и оклопни возила ги потиснале демонстрантите кои од поголемиот дел од плоштадот се разбегале по околните улици, но групите демонстранти повторно се враќаат на плоштадот и се судираат со полицијата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг