Новинар кој јавно говореше против состојбите во македонското новинарство, се смести во партиското седиште на СДСМ, објави порталот „Курир“.
Роберт Поповски ќе ја работи работата на Наташа Савова, станувајќи нов директор на партискиот Центар за комуникации. Екс-новинарот на Канал 5, го погази сопствениот збор кога себеси се нарече независен новинар. Откако ја напушти телевизијата во која работеше, Поповски за некои медиуми посочи дека е разочаран од македонското новинарство.
Разочараност очигледно му буди и новото работно место. Според извори Курир, Поповски не штеди критики за неговиот претходник, Наташа Савова, па ја нарекува своеглава досегашната шефица на Центарот за комуникации на СДСМ.
Поповски важи за човек кој со години наназад, ја поддржува политиката на Бранко Црвенковски и СДСМ, а од страна на оваа партија и беше поставен за претседател на Здружението на новинари на Македонија. Токму овие факти ги прават контрадикторни ставовите на Поповски изнесени за македонското новинарство.
Курир пишуваше за поврзаноста меѓу Поповски и Зоран Заев уште на стартот на трката за нов лидер на СДСМ. Сега, кога предвидувањата се исполнија и струмичкиот градоначалник го наследи Црвенковски, се повеќе станува јасно чии интереси ќе застапува како што вчера пренесоа повеќе медиуми веќе новиот директор на Центарот за комуникации на СДСМ.