Педофилите не бираат ни град ни етничка заедница тие само бараат деца.
И во такви услови, јас не гледам зошто воопшо има потреба да се правдам како човек, како родител, како министер, по однос на борбата за заштита на нашите деца, изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристевски како одговор на новинарско прашање зошто ја оспорува одлуката на Уставниот суд за поништување на одредбата која се однесува за формирање на регистар на лица осудени за педофилија.
“Јас сум загрижен за безбедноста на децата и ќе продолжам да се борам по однос на задржување на сите одредби на законот и во тој дел не сметам дека е направен линч на никого, најмалку на уставните судии, едноставно е изнесен став по однос на состојбите кои што произлегоа после прифаќањето на иницијативата од страна на Уставниот суд, иницијатива на пет педофили. Јас и кога го најавив и кога го усвоивме законот за посебен регистар на лица осудени за сексуална злоупотреба на деца и педофилија кажав ако има минимум политичка одговорност или максимум политичка одговорност јас сум спремен истата да ја понесам, ако со ваквиот закон успееме да заштитиме живот на едно дете јас сум спремен да ја поднесам целокупната политичка одговорност за донесување на ваквиот закон,“ истакна Ристовски.
Тој вели дека се’ уште го нема добиено лично образложението од страна на Уставниот суд, но дека во јавноста забележал низа негативни реакции по таквата одлука на судиите.
“Изминатите неколку денови сме сведоци на реакции на целокупната јавност по однос на прифаќањето на иницијативата од страна на Уставниот суд. Воопшто не се позитивни реакциите од она што го следиме сите. Станува збор за искличително негативни реакции од целокупната јавност, од експертската, но за мене многу поголем аргумент е реакцијата на целокупната јавност, на родителите, на психолозите и на стручната јавност во целост“, додава Ристовски.
Ристовски објаснува дека практиката на воведување на регистар на педофили не е непозната во светот истакнувајќи го примерот со САД каде во 1994 година е воведена таква евиденција на лицата осуден за сексуална злоупотреба на деца.
“Секој граѓанин во Република Македонија во најмала рака да истражи по Интернет, не мора да бара стручна литература, колку за илустрација да помогнам ќе насочам да го проверат случајот со девојчето Меган Канка од САД. Меган Канка е случај за дете кое во 1994 година е целосно злоупотребено по сите основи, потоа истото е убиено и е основ за соодветната држава во САД да го донесе првиот закон за посебен регистар на педофили, а тој случај го користат голем број на држави во САД и мислам дека јавноста во Америка каде што е прилично голема злоупотребата на децата како сосотојба и јавно се говори за истата, го направи револуционерниот чекор во делот на заштитата за децата и мислам дека РМ како одговорна земја во која што пред се’ и над се’ е интересот на децата ќе продолжи со имплементација на овој закон“, нагласи Ристовски.
Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 23 јануари 2012 година.
Уставниот суд ја прифати иницијатива за поништување на три члена од Законот за регистар на педофили на осми мај годинава.
Претставката до Уставниот суд за укинување на регистарот на педофили ја поднеле пет осудени педофили, од кои четворица се во затвор за обљуба на сопствено дете.