„Биг Албанија“ на црква во тетовско

Нетпрес

09/05/2013

12:54

6.764

Големина на фонт

а а а

Графит „Биг Албанија“ осамнал на ѕидот на црквата Свети Никола во тетовско Отушиште.

Министерството за внатрешни работи информира дека на тремот на црквата Свети Никола во тетовското село Отушиште непознато лице нацртало графит „Биг Албанија“ или „Голема Албанија“.

За сега нема информации кога бил нацртан графитот.

Тетовската полиција превзема мерки за откривање на сторителот.