Порно ѕвездите ја отвораат својата душа во нов документарец

Точка

08/05/2013

14:26

7.542

Големина на фонт

а а а

Иако повеќето луѓе сметаат дека порно актерките се одлучиле на ваква кариера, токму поради неуспешните обиди во Холивуд, нивните исповести во филмот „Возбудени“ ни кажуваат дека е поинаку.

Дебора Андерсон е режисерката на овој документарец, а има издадено и книга со фотографии на дамите од филмот. Во него се појавуваат Лиса Ен, Беладона, Лекси Бел, Ели Хејз, Еш Холивуд, Џеси Џејн, Кацуни, Кејден Крос, Франческа Ле, Бруклин Ли, Асфикса Ноар, Ејприл О’Нил, Тиган Пресли, Мисти Стоун, Тања Тејт и Алексис Тексас.

Таа добила инспирација за овој проект откако ангажирала една порно ѕвезда за снимање за магазин, која и’ раскажала се’ за својата работа, и како тие не се разликуваат премногу од другите девојки.



Документарецот е направен во форма на телевизиско интервју, само што околината е поразлична.

Овие девојки се сосема нашминкани и средени, но голи и лежат на кревет. Додека ги фотографираат, Дебора им поставува прашања за нивните животи и кариери.


Документарецот има главна цел да покаже како порно актерките не се девојки со пропаднати соништа за Холивуд, и дека уживаат во тоа што го работат. Овие ѕвезди на индустријата за возрасни, сметаат дека сексот на сетот и надвор од него немаат никаква врска, и дека сите тие имале по некоја полово пренослива болест.

Нивната единствена грижа, како што велат, е лошиот имиџ кој нивната професија го има во јавноста, и како сето тоа може да се одрази на нивниот деловен и приватен живот.

„Никогаш не сум имала секс за една ноќ. Имам само едно момче и само него го сакам“ – вели една од актерките.


Дебора Андерсон се надева дека нејзиниот филм ќе ги отвори очите на јавноста, и ќе сфатат дека овие жени на крајот од денот се само луѓе, и дека порно индустријата е само работата со која се занимаваат.