Како „апсолутно скандалозна“ ја оцени бугарскиот премиер Марин Рајков картата на Турција што ја објави турскиот весник „Милиет“.
“Тоа е толку скандалозно, што дури не заслужува коментар од еден премиер“, вели Рајков.
Бугарскиот премиер појаснува дека нема намера да испраќа вербална нота поради картата.
„Не може една држава да реагира на пишувањата на некој весник“, категоричен е Рајков.

Картата беше објавена на 23-ти март, а во Бугарија за неа се разбра пред два дена. Во картата како дел од Турција се вцртани и територии на Бугарија, Кипар, северни делови од Сирија, северниот дел од Ирак и Грција, како и региони во Азербејџан и Грузија.
Картата е илустрација на натпис во весникот во кој се зборува за создавање на моќна држава во границите на некогашната Отоманска империја.