Макрон: Франција нема да учествува во американска мисија во Ормускиот Теснец

Макфакс

04/05/2026

15:47

148

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција нема да учествува во каква било американска мисија во Ормускиот Теснец, иако ја поздрави најавената помош од САД за бродовите блокирани во клучниот поморски правец.

„Нема да учествуваме во какви било насилни операции, особено затоа што рамката за тоа не ни е јасна“, изјави Макрон во Ереван.

Тој додаде дека Франција и Обединетото Кралство веќе работат на меѓународна коалиција за неутрално поморско распоредување во теснецот.

Макрон порача дека долгорочно решение е координирано повторно отворање на Ормускиот Теснец преку договор меѓу Иран и САД.