Внуката на Аристотел Онасис го продала неговиот остров за 117 милиони евра

Точка

12/04/2013

13:05

3.842

Големина на фонт

а а а

Атина Онасис Розел, внуката на грчкиот милијардер, се согласила на продажбата на островот Скорпиос, кој се наоѓа во Јонското море. Купувачот е анонимен, а според грчките медиуми, станува збор за богат руски бизнисмен.

Онасис, островот го купил во 1962 година за 11.000 евра, а шест години подоцна, на него ја организирал луксузната венчавка со Џеки Кенеди, вдовицата на американскиот претседател, Џон Кенеди, кој е убиен во 1963 година.

После смртта на Онасис, островот припаднал на неговата ќерка Христина, која умрела во 1988 година на 37-годишна возраст. Подоцна островот отишол во рацете на единствената наследничка, Атина Розел.

Таа со години одбивала да го продаде Скорпиос, но според зборовите на сопственикот на агенцијата за недвижности, повеќе од 100 милиони долари едноставно не може да се одбијат.

На островот се наоѓаат три резиденции, хелиодром и пристаниште за бродови. Богатиот сопственик на бродови, Онасис, закопан е на островот заедно со ќерката и синот кој погинал во 1973 година.

Атина Онасис Розел е родена во Франција и е единственото дете на Христина Онасис и нејзиниот четврти сопруг Тиери Розел. Омажена е за Бразилецот Алваро де Миранде Нетоа и живее во Сао Паоло.