Жерновски половина семејство си го вработил во “Водовод“

Нетпрес

04/04/2013

14:32

2.322

Големина на фонт

а а а

Сопругата братот и неговата поранешна сопруга и братучед на Андреј Жерновски се вработени во Јавното претпријатие “Водовод“, дел од нив во ова претпријатие дошле токму во времето кога Жерновски беше советник на поранешниот градоначалник на Скопје Ристо Пенов.

Неговата сопруга Олгица е раководител на Службата за одржување на водомери, неговиот брат Кирил е инжиње во Служба за развој, сектор за тегнички работи, развој и инвестиции. Во ЈП “Водовод“ е вработена и некогашната поранешна сопруга на Јасминка, која сега е технички директор на скопски Водовод. Од претходно во “Водовод“ бил вработен и братучедот на Жерновски, Благоја Жерновски е финомеханичар во Службата за одржување на водомери каде раководител е сопругата на Жерновски.

За ваквиот непотизам во “Водовод“ спроведен додека Жерновски бил советник на Пенов веќе одамна е познато. Весникот “Дневник“ уште во 2006-тата повикувајќи се на свои извори од претпријатието пишува дека Жерновски успеал половина семејство да го вработи во јавното претпријатие

“Од таму не информираа и дека не станува збор само за скандалозен случај на непотизам, туку и за случаи на масовни предизборни партиски вработувања. Тие тврдат дека за негување на коалициската љубов, непосредно пред локалните изборите, во април годинава, се вработени 35 луѓе по налог на СДСМ“, пишува “Дневник“ во март 2006-тата.

Инаку, Антикорупциската комисија денеска излезе со нови податоци околу скандалот со прикривањето на имотната состојба што ја сторил Жерновски додека извршувал јавни функции.

Според информациите од Комисијата, покрај непријавениот имот на улицата Петар Драпсин утврдени се уште две неправилности.

Жерновски, како што утврдила Комисијата, не пријавил и градежно земјиште на улицата Ленинова број 85. Но, тоа што по интересно на лице место не се наоѓа празен плац подготвен за изградба, туку веќе изградена куќа, која исто така Жерновски не ја пријавил на Антикорупциската комисија.

Вториот случај е со спорниот стан што Жерновски еднаш го пријавил како купен, а во друг анкетен лист како наследен стан. Потоа во различни анкетни листови прикажува различна квадратура на станот, што дава основ за сомневање дека станува збор за фиктивен договор и подарен стан на Жерновски од фирмата на која Пенов и’ ги даде на стопанисување бесплатно паркинзите на Клинички центар. Од ова може да се заклучи дека Жерновски е најбогатиот невработен човек во државава.