Заразно смеење: Одвај зема здив поради кучето кое јаде како човек

Точка

29/03/2013

21:59

7.741

Големина на фонт

а а а

Благодарение на интернетот, се почесто луѓето се сведоци на неверојатни животни ширум светот, а видеото во продолжение е резултат од креативноста на сопствениците на едно прекрасно куче и неговата расположеност да учествува во хумористичниот настан.

Имено, станува збор за виде во кое што кучето се јавува во улога на човек, односно истото јаде како човек, засладувајќи се од путерот од кикирики. Она што можеби е најсмешно е заразното смеење на снимателот на видеото кое што можете да го слушнете во позадина, но и фактот што за миг ќе се збуните од германскиот овчар облечен во деловен костим, додека ужива во својот оброк.

Секој ќе се согласи дека оваа шега била направена на обострано задоволство затоа што додека момчето зад камерата се смее како никогаш дотогаш, прекрасното куче наречено Один ужива во путерот од кикирики!