Строга и прецизна диета - Изгубете до 5 килограми за 10 дена

Доктори.мк

21/03/2013

16:39

10.664

Големина на фонт

а а а

Постојано даваме совети за тоа како треба да изгледаат нашите здрави животни навики.

Скоро секогаш спомнуваме дека треба да се потрудиме да ги изгубиме вишокот килограми, но досега не прецизиравме ништо конкретно. Од денес ќе пишуваме за разни видови диети кои ги држат луѓето, а со кои успеале да дојдат до некаков резултат. Диетите кои ние ќе ви ги презентираме некому ќе се допаднат некому не, но затоа ќе поставуваме повеќе па се надеваме дека и вие ќе си пронајдете некоја соодветна за вас.

Познавајќи го фактот дека скоро секој втор човек има проблеми со килограмите, денес почнуваме со една доста специфична диета. Оваа диета бара доста посветување и доста слободно време, па се препорачува за луѓе кои имаат повеќе слободно време за да можат да ја преферираат точно.

Што треба да знам пред да започнам да ја одржувам оваа диета?

-Оваа диета е еднолична и тешко може да се држи долг период

-Оваа диета е врзана за точно определен час во денот и кон тоа треба да се придржувате

-Со оваа диета за 10 дена може да се ослабне до 5 килограми

-Оваа диета не смее да се применува повеќе од 30 дена

-Диетата бара посветеност и слободно време, ако не сте во оваа категорија не ја започнувајте

-Диетата се состои од 6 оброци во денот, во точен час, и потполно исти секој ден

8:00 часот: 200 мл. кафе или чај без шеќер (изборот на чајот е по ваша желба, ние препорачуваме зелен), 20 мл. млеко, 45 грама црн леб

10:00 часот: 2 рендани јаболки без шеќер

13:00 часот: 200 грама печено бело месо, 200 грама варен зеленчук, 80 грама јаболка, 30 грама црн леб

17:00 часот: 150 грама кафе или чај без шеќер (изборот на чајот е по ваша желба, ние препорачуваме зелен), 20 мл. млеко

20:00 часот: 100 грама печено бело месо, 100 грама варен зеленчук, 20 грама црн леб

22:00 часот: 100 грама јаболка

Според луѓето кои ја практикувале оваа диета за 10 дена може да се изгубат од 3 до 5 килограми, но судејќи по фактот што е многу строга и прецизна оваа диета е за луѓе кои имаат малку поголемо искуство со држењето диети, а бидејќи е еднолична не се препорачува да се држи повеќе од 30 дена.

Доколку се осмелувате да ја започнете, ви посакуваме успех!