“Исцелител“ со ХИВ заразил 16 лица во Швајцарија

Нетпрес

18/03/2013

14:51

799

Големина на фонт

а а а

Наставник по музичко кој практикувал акупунтура без дозвола заразил 16 лица со ХИВ.

Педесет и тригодишниот наставник Мауриче Голер, кој е ХИВ негативен е обвинет дека ја раширил ХИВ инфекцијата на 16 лица во период од 2001 до 2005 година.

На судот било кажано дека поголемиот број од заразените се негови ученици.

Пред поротата на судењето било објаснето дека тој практикувал акупунтура без дозвола и најверојатно вирусот го раширил преку нестелизираните игли.

Полицијата почнала истрага против наставникот во 2005 кога еден од неговите ученици, Томас Кајсер, му бил дијагностициран вирусот. По него, полицијата открила уште 15 случаи.

Но, Голер негирал дека тој е виновен, дури и не признавал дека правел акупунтура.

Судењето е во тек.