Значењето на анархијата во главите на анархистите

Точка

01/03/2013

10:14

3.536

Големина на фонт

а а а

Анархија е збор. Тој збор е составен од два збора и тоа “ан” – што значи некаква негација и “архија” што значи - владеење. Во превод би било - без власт или општо кажано - без авторитет.

Оние кои не се добро запознаени со овој поим, на него гледаат само хаос и безредие, а всушност анархија значи општество во кое ќе нема власт, но ќе има највисок ред.

Анархистите сметаат дека тој ред може да се создаде преку бездржавен социјализам (анархизам), односно преку доброволно организирање и самоуправување на луѓето, без било какви општествени хиерархии, бидејќи токму хиерархиите во општеството ја носат со себе нееднаквоста, а со тоа и неправдата.

Значи, анархистите се луѓе кои размислуваат за општество каде ќе нема власт, ќе нема држава, ќе нема авторитет, ќе нема класи, но ќе има доброволно договарање и организирање меѓу народот, бидејќи само така човекот може да суштествува како слободен и да прави тоа што му е по волја, но имајќи на ум дека слободата на еден човек завршува онаму каде што започнува слободата на друг човек.

“Слободата без социјализам е привилегија и неправда, а социјализам без слобода е ропство и бруталност” – единствената поговорка од устата на анархистите.