Бесплатна работилница за фотографија и обработка на фотографии од Дуна

Точка

25/02/2013

18:20

1.718

Големина на фонт

а а а

На 28 февруари од 18:00 часот во Клуб на новинари Дуна ќе ja одржи третата бесплатна работилница за основи на дигитална фотографија и обработка на фотографии со софтверот "iPhoto '11" на "Apple".

Бесплатна работилница за фотографија и iPhoto '11

Гостин предавач ќе биде познатиот македонски фотограф Кире Галевски кој ќе ги објасни основите на DSLR фотографијата, ќе понуди кратки совети како да се направат подобри фотографии и обработка со алатки на iPhoto '11. Дополнително, фотографот Галевски ќе презентира и дел од професионалните апликации кои се достапни за обработка на фотографии.

Покрај Кире Галевски, специјалистот за Apple од Дуна, Томе Пајковски ќе ги покаже основите на апликацијата и алатките на iPhoto '11 за iPad/iPhone кои може да се користат за чување, обработка и споделување на фотографии.

Обуката е наменета за аматери-ентузијасти за фотографија кои немаат потреба од користење на професионални апликации за обработка, почетници во обработка на фотографии со помош на професионални алатки, корисници на Apple Mac компјутери, iPad или iPhone, како и за сите останати заинтересирани лица.

Сите корисници на Apple уреди се охрабруваат да ги понесат своите Mac или iPad, како и своите дигитални апарати доколку имаат потреба да се консултираат со специјалистите.

Повеќе за настанот на можете да прочитате тука.

Теми на настанот:

• Основи на фотографија и термини

• Обработка на фотографии со adjust алатки на iPhoto за Mac

• Обработка на фотографии со Photoshop за Mac

• Споделување на фотографии на социјални медиуми и експортирање на slideshow во формат на филм

• Организација на фотографии со iPhoto за iPad

• Обработка, сортирање, изработка на journal и споделување на фотографии со iPhoto за iPad


Спонзорирани линкови

Маркетинг