Метеор паднал и во Црна Гора

Точка

21/02/2013

17:24

9.679

Големина на фонт

а а а

Метеорот потсетува на оној кој падна во Чељабинск, но падот траел многу пократко. Бил посјаен од ѕвездата Деница.

Небесна молња, обичен огномет или нешто трето, на 3-ти јануари се запрашал и сопственикот на оваа необична снимка.

Верувале или не, во Црна Гора е забележан пад на метеор и тоа многу пред овој во Русија кој падна пред неколку дена. Благодарение на еден гледач, црногорската ТВ Вести добила снимка на која ова јасно се гледа.

Експертите велат дека на снимката не гледаат голема разлика во однос на небесното тело кое неодамна падна во Русија и додаваат дека нема причина за паника.

„Пад на метеор. Тоа можеби и не би било толку спектакуларно да не видовме какви последици може да направи во Русија. Морам да ви кажам дека оваа сника е фасцинантна, и да сте ја објавиле пред неколку дена кога тоа беше актуелно ќе поминеше низ целиот свет. Нема никаква разлика помеѓу оваа снимка и онаа од Русија“ – вели Игор Дајковиќ, астроном.

Од црногорскиот Сектор за вонредни ситуации на МВР велат дека пад на метеор не пријавил никој.

А од белградското астрономско друштво „Руџер Бошковиќ“, откако ја погледнале снимката, објасниле:

„Доста потсетува на метеорот во Чељабинск, со тоа што трае многу пократко. Болид е метеор кој е посјаен од планетата Венера или како што вели нашиот народ, од ѕвездата Деница. Кога болид ќе се распрсне, неговите остатоци можат да стигнат до земјината површина, но ако е слаб, се случува да нема траги од него. Болидите се многу честа природна појава“ – рекол за ТВ Вести Милан Јеличиќ.

„Дали овој метеор воопшто паѓа на територијата на Црна Гора, или кон Албанија, тоа е прашање. Нешто сигурно паднало, меѓутоа, тоа нешто е релативно мало, ако е со големина од неколку сантиметри, тоа е се’, така што не сум сигурен дека тоа би можело да се најде“ – мисли Игор Дајковиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг