Отец Климент, епископот хераклејски, за “Дневник“ ја раскажува епизодата од трагичниот пожар во кој изгоре конакот на манастирот во Трескавец и од која најдобро се гледа драмата што ја преживеал монахот Калист, кој со години живее сам во храмот.
“Ми се јави и ми кажа: ’Отец Климент се ми изгоре, но успеав да ги спасам иконите, тоа е најважно. Се’ друго ми изгоре’. Не зборува ли ова доволно за неговата посветеност на Бога, на манастирот, за тоа каква личност е монахот Калист, каква е неговата љубов кон светилиштето, кое доживеа тешка трагедија. Тој и сега е таму, не го остава манастирот, туку чека да почне неговото обновување. Ќе го дочека и тоа“, вели отецот.
Најдраматичниот момент било спасувањето на дел од иконостасот и на распетието од 17 век, кои биле конзервирани и се чувале во дел од конакот наменет за престој на монасите.
Во моментот кога огнените пламени јазици стасале до монашкоит конак, каде што живеел и монахот Калист, морал брзо да реши, дали ќе ги спасува иконите или тоа што го имал во своето престојувалиште.
И немал дилеми. Потрчал, заедно со странскиот турист што се затекнал на Трескавец, кон иконите и почнале да ги спасуваат.
Да не направеле така, ќе изгореле сите, заедно со иконостасот и со распетието.
Додека ги извлекувале иконите, Калист беспомошно гледал како огнот ја уништува неговата соба.
“Најтешкиот момент бил кога пожарот стасал до неговите простории. Во нив, во тој момент бил неговиот миленик канаринец, сета облека што ја имал, 100 илјади денари, кои манастирот неодамна ги добил од продажбата на дрва... Жолтиот канаринец му беше најголемиот пријател во моментите на осаменост во манастирот. Тоа пријателство траеше седум години. Но ете, не стасал да го спаси. Ни канаринецот, ни ништо друго. Дрвата од манастирската шума ги продал само ден претходно. Голема е неговата жалост, но среќен е што ги сочувал иконите“, раскажал отец Климент за “Дненик“.
Монахот Калист веќе девет години престојува во Трескавец.
Нему и на странскиот турист, кога почнале да го гаснат пожарот им се случил уште еден пех-дефект на електричната инсталација што го напојува со струја хидрофорот за вода.
Затоа, пожарот уште побрзо се раширил.
За тоа придонел и фактот што дрвените греди врз кои почива покривната конструкција на конаците биле премачкани со црно масло за да бидат отпорни на влага и да не гнијат.
Монахот Калист, општинските и државните органи се подготвуваат за акцијата за расчистување на опожарените остатоци од конаците.
Највената акција за утре ќе мора да се одложи бидејќи снегот што заврнал вчера го направил пристапот до манастирот практично невозможен.
Сепак, сите подговителни активности за собирањето материјални и парични средстава нема да запрат.