Веројатно на секој пушач му е смачено од разговорите за тоа колку е штетно пушењето, но сепак, убаво е повремено да се потсетиме на сите штетни влијанија кои што ги има овој најраспространет порок помеѓу луѓето.
Во пресрет на Меѓународниот ден без чад од цигари, ве потсетуваме на лошите работи кои ги носат цигарите, заради кои треба сериозно да размислите да ја откажете оваа лоша навика.
Можеби мислите дека е “кул“ да запалите цигара по ручекот или по секс, но сигурно знаете дека не е здраво. Еве ги основните 14 факти кои ќе потврдат дека пушењето полека ве убива.

Факт број 1
Дури и “пасивното пушење“ предизвикува бројни болести со фатални последици.
Факт број 2
Чадот од само три цигари, произведува повеќе штетни гасови од мотор на кола кој работи половина час.
Факт број 3
Многу отрови кои се наоѓаат во чадот на цигарите, се невидливи за околината, содржат гасови без мирис кои не можат да се тргнат од вентилацијата, ниту системите за филтрирање на воздухот.
Факт број 4
Во светот, дури 700 милиони деца се изложени на чад од цигари.
Факт број 5
Се проценува дека, секоја година, во светот умираат 200.000 работници, поради изложеност на чад од цигари на работното место.
Факт број 6
До сега, не е откриено безбедно ниво на изложеност на чад од цигари.
Факт број 7
Во една соба полна со чад од цигари, нивото на загаденост може да е и до 50 пати поголемо од нивото на загаденост во тунел каде поминуваат возила.
Факт број 8
Тутунската индустрија ги поддржува протестите против забраната на пушење во баровите, рестораните и клубовите, ширум светот.
Факт број 9
За оние кои се обидуваат да престанат со пушењето, пожелно е да седат во простории каде нема чад од цигари за да го олеснат процесот на одвикнување.
Факт број 10
Граѓаните се придржуваат на законот за забрана на пушење на јавни места. На пример, во италијанските градови, законот се почитува во 98,5 проценти, а во Њујорк во 97 проценти од случаите.

Факт број 11
Бремените жени, кои се непушачи но се изложени на чад од цигари, имаат поголеми шанси да родат бебе со мала тежина или да се породат предвреме.
Факт број 12
Дури ¾ од возрасните граѓани го поддржуваат Законот за заштита на сопствениците од изложеност на чад од цигари и забраната за пушење на работни и јавни места.
Факт број 13
Сите досегашни истражувања покажале дека законот за забрана на пушење не штети врз угостителските објекти.
Факт број 14
Има се поголеми докази дека целосна забрана на пушење води до намлена интервенција при акутни инфаркти на миокади за 10 до 20 проценти.