Три нови автобуски линии на ЈСП

Нетпрес

18/01/2013

14:50

8.208

Големина на фонт

а а а

Од понеделник со пробна работа почнуваат три нови линии, објави денеска Јавното сообраќајно претпријатие на својата веб страница.

Линија број 33 која ќе сообраќа на релација Долно Лисиче – Дом на печат, по трасата Долно Лисиче, Горно Лисиче, населба Лисиче, Транспортен Центар, Југодрво, плоштад Македонија, до Дом на Печат.

Линија број 163 која ќе ги поврезе село Драчево и општина Илинден. Ќе се движи од село Драчево по улица Китка, населба Драчево, Долно Лисиче, Јурумлери, Идризово, преку надвозникот низ Кадино, Марино и Општина Илинден.

Линија број 18а кој ќе превозува патници од Транспортниот центар до селото Визбегово. Овој автобус ќе се движи од транспортен центар, Бит Пазар, улица Џон Кенеди, улица Лазар Трповски, булевар Словенечка, на раскрсница пред семафори врти десно за село Визбегово, повторно десно после надвозникот и се движи по локален пат паралелно со булеварот Словенечка до терминал во селото Визбегово.

Сите три нови автобуски линии во обратен правец ќе возат по истата траса.