И Фиат Цаноски го напушта Црвенковски?

Нетпрес

18/01/2013

09:40

2.489

Големина на фонт

а а а

Според информациите до кои што дојде новинската агенција sq.kurir , партијата на Фијат Цановски која подолг период е дел од коалицијата предводена од СДСМ, сериозно размислува за напуштање на бродот на Црвенковски кој постојано тоне.

Извори од партијата на ПЕИ потврдуваат дека Фијат Цановски има реализирано неколку средби со високи претставници на ДУИ, од кои беше побарано ДУИ да го подржи неговиот син Сефер Цановски за градоначалник на Струга, но од партијата на Ахмети категорично ги одбија ваквите барања, со образложение дека ДУИ ужива голема доверба кај граѓаните на Струга.

Според истите извори, како што пишува порталот, штом беше отфрлен првиот предлог на ПЕИ, се изнајде заедничко решение, партијата на Цановски да го подржи кандидатот на ДУИ за Струга, а како возврат да ја добие подршката на ДУИ во општината Маврово, каде мнозинство се македонски муслимани, на кое исто така припаѓа семејството Цановски.

Дека Сефер Цановски нема да се кандидира за градоначалник на Струга, тоа го потврди и самиот тој за сљ.курир каде и меѓудругото истакна: “Многу пати моето име беше спомнувано по медиумите дека ќе се кандидирам за градоначалник на општината, но тоа беа само шпекулации. Јас ви потврдувам дека нема да се кандидирам, но мое мислење е, препораката што му ја имам дадено на татко ми Фиат Цановски, е тоа што ПЕИ треба некое подолго време да се соедини со албанските партии, затоа што иднината ја има кај Албанците од Македонија. Можам да ви потврдам дека Фиат Цановски е во разговори со партијата на Ахмети, разговори кои во наредните денови би можеле да завршат доста позитивно. Но неможам да кажам дека ПЕИ ја напушта коалицијата со СДСМ, тоа е одлука на лидерот на партијата Фијат Цановски“, изјави за sq.kurir Сефер Цановски.

Партијата на Цановски единствениот спас го бара кај Албанците и да го напушти бродот кој што тоне, кој што го управува лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Семејството Цановски потврдуваат дека се чувствуваат како полуалбанци, дека во неговото семејство се зборува албански и дека сопругата на Цановски е Албанка.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи изјави дека ДУИ е во преговори со многу партии, за неколку општини.

#Централниот комитет на ДУИ, го овластил раководството на партијата за преговори со повеќеполитички партии за сите општини во земјава и дури сега ништо не е конкретизирано и во моментот кога ќе има нешто такво, ДУИ навреме ќе ја информира јавноста“, изјави за sq.kurir портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.