Младите социјалдемократи побараа оставка од Црвенковски

Нетпрес

14/01/2013

15:15

2.794

Големина на фонт

а а а

Поранешниот генерален секретар на СДММ, и еден од апликантите за независна советничка листа во општина Центар, Михаил Младеновски заедно со група млади луѓе денеска јавно го повикаа лидерот на партијата Бранко Црвенковски да си поднесе оставка.

“Ние како млади социјалдемократи не се сложуваме со последните одлуки на раководството на СДСМ и повторуваме дека тоа се одлуки само на раководството. Застануваме на страната на социјалдмократските вредности, односно на страната на обесправените лица во оваа држава. Ние сметаме дека раководството на СДСМ нема капацитет да учествува на следните локални избори. Поради тоа и поради ред други политики со кои ние како млади луѓе не се сложуваме, одлучивме да настапиме независно со кандидатски листи“, истакна поранешниот генерален секретар на СДММ, Михаил Младеновски.

Дел од младите социјалдемократи денеска на скопскиот плоштад организираа и акција насловена како “Денар за Бранко“.

“Акцијата симболично означува дека на Црвенковски единствено нешто што му е важно се моќта и парите“, додаде Младеновски.


Спонзорирани линкови

Маркетинг