Уличната проституција се случува на 13-тина километри од Европската Унија, колку што е оддалечена Битола од грчката граница.
Сообраќајницата Македонска фаланга стана битолска улица на црвените фенери. На излезот од градот, девојки на возраст од дваесетина години нудат сексуални услуги за пари, пишува денешен Вест.
“Стоеше на излезот од Битола, во црни хеланки кои и ги откриваа облините. Ми се доближи и ме праша ’За што си?’ ’Колку бараш?’, и реков ’За 2.000 денари’, а таа ми одговори како од пушка дека за тие пари многу барам“, раскажува битолчанец кој од љубопитство се прошетал на улицата на која подолго време, и дење и ноќе, царува проституцијата.
Вест пишува дека нивна екипа била меѓу проститутките, и среде бел ден затекнале три битолчанки облечени во куси здолништа, како чекаат клиенти на Македонската фаланга.
Една од нив ја раскажала својата приказна за репортерката на Вест, во која проститутката раскажала дека пушела марихуана и се дрогирала, а преку проституцијата заработувала за леб и за дрога.
“Стоиме во близина на пумпата, бидејќи тука Грците доаѓаат по бензин. Една партија секс чини 30 евра за нив, поевтино за наши. Еден Грк ми плати 50 евра за да имаме секс дури возеше, друг преку викенд ме носи во хотел и таму имаме секс под туш, на маса, на балкон, ме вика Анџелина Џоли, сум имала уста како неа“, раскажала 22 годишната проститутка од Битола.
За време на разговорот со девојката, запрело грчко возило и Гркот и се обратил на новинарката со зборовите “Ајде да одиме“, и кога таа му кажала дека е новинарка, овој избегал како од оган.
Од битолската полиција информирале дека кога ќе ги затекнат девојките на улица, ги отстранувале. Тие за Вест тврделе дека прават постојани контроли, поднесуваат кривични пријави за проституција, но ништо не помагало, девојките повторно се враќале на улицата.