Од Самсунг најавиле дека наскоро ќе претстават телевизор каков што светот се уште нема видено. Наводно, се работи за 85-инчен екран со Ултра HD Модел.
Во последно време многу се пишуваше за телевизорот на Епл кој треба да биде претставен следната година, за кој се уште нема официјална потврда од оваа компанија.
Но, додека чекаме информации за телевизорот на Епл, од Самсунг велат дека работат на нешто многу позанимливо и на Јутјуб објавиле снимка од новиот телевизор за кого напишале дека "Светот такво нешто нема видено".
За разлика од телевизорот на Епл, за кого никој ништо не знае и можеме само да претпоставуваме, на телевизорот од Самсунг нема да мора да чекаме долго бидејќи оваа компанија ќе го претстави веќе во јануари на саемот "CES" во Лас Вегас, кој ќе се одржи од 8 до 11 јануари.
Во видеото поставено на Јутјуб, претставени се телевизори кои избегале од дома, за да одат во Лас Вегас и да видат каков телевизор ќе претстави Самсунг.
Иако од оваа компанија немаат објавено никакви службени информации околу тоа какви новитети ќе донесе новиот модел, на интернет веќе можеме да прочитаме различни шпекулации за тоа што не очекува.
Така на страницата "GoiTway" велат дека новиот телевизор на Самсунг ќе има 3 или 4 пати повеќе пиксели од останатите телевизори, ќе има квалитетна слика и одличен звук.
Освен телевизорот, Самсунг на саемот "CES" ќе се претстави и со "Smart hub" интерфејс за паметни телевизори. За да дознаете повеќе ќе мора да почекате уште десеттина дена, кога од Самсунг ќе покажат какво изненадување ни подготвиле.