Остануваат само уште неколку дена до одржувањето на изборот "Manhunt International 2012", најпрестижниот избор за убавина помеѓу припадниците на посилниот пол.
Во сабота навечер во Бангкок, во Тајланд ќе се одржи финалето од изборот "Manhunt International 2012", моментално најсилниот избор за мажи во светот. Македонија ќе ја претставува Мартин Тасевски, победникот на изборот за Мистер на Македонија за "Manhunt International", кој неодамна се одржа во Скопје, во организација на Модното студио Црнокрак и естрадниот магазин Фаци. Мартин веќе две недели е во Бангкок каде што, заедно со претставниците од другите земји, се подготвува за големото финале во сабота.
Мартин отпатува во Тајланд преку лиценцата за "Manhunt International" која во Македонија од 2004 година ја поседува Модното студио Црнокрак.





Мартин отпатува во Тајланд преку лиценцата за "Manhunt International" која во Македонија од 2004 година ја поседува Модното студио Црнокрак.



