Мајкл Џеј Фокс, ѕвездата од серијата "Spin City" и филмовите "Back to the Future", по десетгодишна пауза од актерството поради Паркинсоновата болест, ќе и се врати на глумата затоа што се чувствува подобро.
Поради Паркинсоновата болест тој мораше да престане да работи во полн интензитет затоа што имаше неконтролирани тикови кои се последица од болеста. Сепак, тој се појавуваше во неколку серии каде што имаше гостинска улога.
Сега, по една деценија пауза од сериозното занимавање со актерството, Мајкл Џеј Фокс (51) повторно се враќа на малите екрани. Тој ќе биде ѕвезда на хумористична серија која би требало да почне да се прикажува во 2013 година, а која е производ на "Sony Pictures Television".
На новата серија тој ќе работи со режисерот Вил Глук и сценаристот Сем Лејборн. Одлуката за повторно враќање на глумата тој ја донел неодамна, откако објави дека новиот лек му помогнал во смирувањето на тиковите кои ги имал поради болеста.
Мајкл глумеше во многу серии, а светската слава ја доживеа со улогата во филмскиот серијал "Back to the Future". Неговата кариера била доведена под знак прашалник кога во 1991 година му била дијагностицирана Паркинсонова болест. По влошувањето на состојбата, во 2000 година тој ја напушти и серијата "Spin City" и сета своја енергија оттогаш ја насочи кон помошта за пронаоѓање на лек против неговата болест. Тој е основач и на организација за пронаоѓање на лек која што го носи неговото име.