Вака ќе изгледа новата Toyota RAV 4
Главна карактеристика на новиот компактен SUV на Јапонците е помек и поатрактивен стајлинг...
Иако се работи за модел во веќе поодминати години, сеуште Toyota RAV 4 е еден од најпродаваните компактни SUV автомобили во светот. Актуелната генерација нуди застарен дизајн, додека новата ќе го прати светскиот тренд во автомобилската уметност, преку претставување на атрактивни, остри и флуидни линии на каросеријата.
Тоа значи покомпактни димензии, а со тоа и намалена потрошувачка на гориво.
Во поглед на поставеноста, новата Toyota RAV 4 ќе биде поставена на малку изменета и подобрена варијација на актуелната платформа, на која е базиран актуелниот модел. Со тоа, ќе се добие на простор во внатрешноста, а за компактноста на екстериерот ќе придонесе отсуството на надворешно резервно тркало.
Што се однесува до моторизацијата, се очекува новиот RAV 4 да биде (најверојатно) придвижуван од мотори со четири и шест цилиндри, спарени со автоматски, 6-степен пренос. Погонот останува стандарден – избор помеѓу погон напред, или погон на сите четири тркала.
Се очекува новата Toyota RAV 4 да биде достоен ривал на Ford Escape, Honda CR-V, Hyundai SantaFe, KIA Sportage и Mazda CX-5. Моделската година ќе биде 2013-та, додека на пазарот го очекуваме во 2014-та година.