Модриќ го напуштил тренингот на Тотенхем

Точка

19/07/2012

16:43

5.555

Големина на фонт

а а а

Хрватската ѕвезда, Лука Модриќ го напуштил тренинг центарот на Тотенхем без да ги одработи вежбите со своите соиграчи.

Според Скај Спорт, Хрватскиот фудбалер разговарал со неколку луѓе во клубската кантина меѓу кои бил и новиот тренер на Тотенхем, Андрес Вилаш-Боаш, а потоа со својот Астон Мартин го напуштил тренинг центарот на лондонски Тотенхем.

Шпанска Марка пишува дека играчот се појавил на тренингот на Тотенхем за да се поздрави со своите соиграчи. Како и да е, Тотенхем нема објавено дека 26-годишниот играч за врска има некаков проблем со повреда, па не е јасно зошто Лука Модриќ го напуштил утринскиот тренинг на Тотенхем.

Секако, ова за шпанските и англиските медиуми кои го следат секој чекор на фудбалерот значи дека хрватскиот фудбалер нема намера да остане во редовите на Тотенхем. Сега на потег е Реал Мадрид кој треба да достави понуда до лондонскиот клуб за ангажман на Модриќ.


Спонзорирани линкови

Маркетинг