Звучи премногу добро за да биде вистина, но постојат врвни туристички атракции во кои може да се ужива без да потрошите ниту еден денар. Од операта во Лондон до чајот во Капали чаршија во Истанбул може да доживеете прекрасни и бесплатни моменти.
Траект за Статен Ајланд, Њујорк
Навикнати сме на високите цени на крстарењата. Ова патување иако трае само 25 минути, има аперитив бар кој точи пиво за “џабе“. Бродовите го поврзуваат Статен Ајланд и Менхетен од 18-от век, а портокаловите траекти станале едни од градските икони. Еден од нив е “Спирит од Америка“ кој делумно е направен од челик од срушените кули близначки на 11-ти септември.

Градски велосипеди, Копенхаген
Данската престолнина е препознатлива по движењето на две тркала. Секој ден дури 37 отсто од граѓаните одат на работа со велосипед, а на располагање им стојат 390 километри велосипедски патеки. Навистина би било глупаво да не им се придружите, посебно затоа што градот има бесплатна понуда на велосипеди. Штандовите под назив “Бајциклен Кобенхавн“ нудат велосипеди ширум градот, па тоа е одлична моност да ја запознаете оваа скандинавска метропола. Монетата од 20 круни ви е потребна за да може да си земете велосипед, но истата таа монета ќе си ја добиете назад кога ќе го вратите велосипедот.
Организирани прошетки, Рејкјавик
Поради економските потешкотии, оваа скоро арктичка метропола се уште не застанала на нозе, па бесплатните работи делуваат навистина слатко. Станува збор за бесплатни пешачки тури низ градот кои се проследени со “бреневин“- локална ракија која треба да ја конзумирате со посебно внимание. Таа двочасовна прошетка низ градот ја водат историчари кои ја раскажуваат поморската архитектура, културно наследство, но и најдобрите места за забава. Овие организирани прошетки се случуваат во 13 часот секој ден освен недела од 15-ти мај до први октомври.
Капали чаршија, Истанбул
Пирамиди од зачини и продавници преполни со злато, се само дел од препознатливите детали кои ќе може да се откријат во овој бескраен лавиринт. Капали чаршија, позната како “Гранд Базар“, е една од најстарите и најголеми покриени места со повеќе од 60 улици и три илјади дуќани низ кои дневно поминуваат и 400 илјади луѓе. Посебно се интересни бесплатните атракции на презентација на традиционалните теписи кои трговците ги организираат за турстите и потоа ги честат со вкусен чај од јаболко. Оваа бесплатна атракција е посебно привлечна, доколку продавачите не се премногу упорни.

Рајштаг, Берлин
Да би можеле тие ѕидови да проговорат. Би зборувале за ѕидовите, но и за палењата, воздушните напади, срамотните нацистички напади и пропаст. Големата зграда на германскиот парламент сето тоа го доживеала од 1894 година кога е довршена нејзината градба. Но, од рушењето на ѕидовите кои Берлин го претвориле во симбол на поделба во Европа, Рајштагот оживеал во ново светло.
Архитектот Норман Фостер направил фантастична реконструкција, комбинирајќи ја старата градба со нови и модерни елементи од стакло и челик од кои е направена куполата, еден од симболите на модерен Берлин. Прошетката на Рајштагот и куполите е бесплатна, а може и однапред да се резервира.
Кралска опера, Лондон
Влезниците за културните настани во Лондон може да чинат вистинско богатство, но многу работи може да се направат без да потрошите ниту еден денар. Некои од најдобрите музеи на светот, меѓу кои и Британскиот музеј, ја покажуваат својата ексклузивна збирка бесплатно. Но, уште поголем спектакл без пари може да се доживее во понеделник после пладне во Кралската опера. Вратите на оваа класична градба, изградена во 1858 година, се отвораат за сите оние кои бесплатно сакаат да ги чујат врвните инструменталисти и пејачи. Ако имате среќа, влезниците може да ги резервирате девет дена однапред или на денот на концертот.

Лувр, Париз
Еден од најпознатите светски музеи кои располагаат со прекрасни колекции на уменоста не може да се прошета и да се разгледа во еден ден. Но, ако на располагање имате толку време, потрудете се тоа да биде првата недела во месецот кога богатствата на Лувр може да се разгледаат бесплатно. Останатите денови ова уживање може да си го дозволите за десет евра.