Наскоро флексибилни е-читачи

Точка

29/03/2012

11:21

2.756

Големина на фонт

а а а

Најавата која пристигнува од компанијата LG вели дека ќе внесе револуција на пазарот на е-книгите и тоа со својот 6-инчен флексибилен екран.

Екранот со резолуција 1024x768 лесно се витка, може да се свитка до агол од 40 степени, а дебел ќе биде 0,7 милиметри и тежи 14 грама. А, најинтересно е што од денес влегува во масовна продажба.

"Првиот пластичен EPD (Electronic paper display) на светот ја потврдува уште еднаш репутацијата на компанијата LG како лидер и иноватор, со самиот производ за кој веруваме дека ќе помогне да се популаризира на пазарот е-книгата.", рекол во официјалното соопштение, раководителот на LD Display Mobile/OLED дивизијата Sang Duck Yeo.

Пластичниот екран е поиздржлив, а од оваа компанија велат дека таканаречениот 'drop test' од висина од 1,5 метар покажал дека нема никакви оштетувања.

Завршените производи во Европа би можеле да се најдат веќе следниот месец.


Спонзорирани линкови

Маркетинг