Владата ја прифати иницијативата за експропријација за ветерниот парк „Дрен“

Точка

29/11/2026

08:36

416

Големина на фонт

а а а

Одлуката се однесува на приватно земјиште во општините Демир Капија и Гевгелија.

Владата на 24 ноември ја прифати иницијативата за експропријација на приватно земјиште за изградба на ветерниот парк „Дрен“. Проектот ги опфаќа општините Демир Капија и Гевгелија.

Како што пренесува одлуката објавена во „Службен весник“, иницијативата ја поднело друштвото „Калтун Енерџи“ на 9 ноември. Владата ја прифатила заради реализација на јавен интерес во областа на енергетиката.

Ветерниот парк „Богданци“, архивска фотографија.

Ветерниот парк „Богданци“, архивска фотографија. Фото: Делфина / Wikimedia Commons · CC0 1.0

Одлуката е објавена на 26 ноември и стапила во сила следниот ден. Во објавениот акт нема рок за почеток на изградбата.