Предизборен молк во Шпанија, над 38,7 милиони избирачи имаат право на глас

Точка

28/11/2026

19:30

129

Големина на фонт

а а а

Во Шпанија на 28 ноември е ден на предизборен молк пред парламентарните избори во недела, 29 ноември. По завршувањето на кампањата, властите ги довршуваат безбедносните подготовки за гласањето.

Во Шпанија на 28 ноември е ден на предизборен молк пред парламентарните избори во недела, 29 ноември. По завршувањето на кампањата, властите ги довршуваат безбедносните подготовки за гласањето, објави Еуроњуз.

Според Националниот институт за статистика, право на глас имаат 38.728.356 избирачи. Од нив, 35.958.711 живеат во Шпанија, а 2.769.645 во странство.

Конгресот на пратениците во Мадрид, архивска фотографија.

Конгресот на пратениците во Мадрид, архивска фотографија. Фото: Ulricus Angelus / Wikimedia Commons (CC BY-SA 4.0)

Меѓу избирачите што живеат во земјата, 1.615.127 првпат можат да гласаат на парламентарни избори. Тие наполниле 18 години по претходните избори, одржани на 23 јули 2023 година.

Шпанските избирачи во странство можат да гласаат без претходно да поднесат барање. Институтот наведе дека гласањето во конзуларните центри било предвидено од 21 до 26 ноември.