ЕЦБ ја спроведува ноемвриската надградба на платните системи ТАРГЕТ

Точка

28/11/2026

15:25

51

Големина на фонт

а а а

Евросистемот ја помести надградбата за две недели по промената на распоредот на СВИФТ.

Европската централна банка го одреди 28 ноември за спроведување на ноемвриската надградба на услугите ТАРГЕТ. Првичниот датум беше 14 ноември, но Евросистемот го помести за две недели откако СВИФТ го промени својот распоред.

Зградата на ЕЦБ во Франкфурт

Зградата на ЕЦБ во Франкфурт, архивска фотографија. Фото: acediscovery / Wikimedia Commons, CC BY 4.0

Според ЕЦБ, промените ги опфаќаат системите Т2 за плаќања, Т2С за порамнување на хартии од вредност, ТИПС за инстант плаќања и системот за управување со обезбедувањето на Евросистемот.

Одложувањето им даде дополнително време на учесниците да се приспособат на новите правила за форматот на поштенските адреси во финансиските пораки.