Брент ја прекина тринеделната низа падови со раст од околу три проценти

Точка

28/11/2026

15:30

118

Големина на фонт

а а а

И покрај падот во петокот, Брент ја заврши неделата во плус, додека американската сурова нафта ВТИ поевтини на неделно ниво.

Цената на суровата нафта Брент забележа неделен раст од околу три проценти, прв во ноември по три недели пад. Движењето доаѓа во услови на загриженост за снабдувањето од Блискиот Исток, објави Ројтерс.

Во петокот договорите за Брент поевтинија за 1,13 долари или 1,2 проценти, на 95,44 долари за барел. Претходно во текот на тргувањето Брент го достигна највисокото ниво од 9 ноември.

Нафтен танкер, архивска фотографија.

Нафтен танкер, архивска фотографија. Фото: Shipspotter Stahl / Wikimedia Commons (CC BY-SA 4.0)

Американската сурова нафта ВТИ заврши на 83,08 долари за барел, 60 центи под затворањето во средата. Во четвртокот немаше официјално затворање за ВТИ поради Денот на благодарноста во САД. На неделно ниво, ВТИ загуби 0,9 проценти.

Според Ројтерс, нападите врз танкери во Ормускиот Теснец и врз енергетската инфраструктура во Саудиска Арабија ја зголемија загриженоста за можни прекини во испораките.