Две малолетнички нападнале 12-годишно девојче во соблекувална во спортска сала во Илинден

Макфакс

28/11/2026

13:40

85

Големина на фонт

а а а

Дванаесетгодишно девојче било нападнато од две малолетнички во соблекувална во спортска сала во општина Илинден. Нападот бил пријавен од родителите, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Дванаесетгодишно девојче било физички нападнато од две малолетнички во соблекувална во спортска сала во општина Илинден.

Случајот бил пријавен на 26 ноември во СВР Скопје од таткото на девојчето, 44-годишен жител на скопско. Според пријавата, нападот се случил по претходно меѓусебно нетрпение.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.