Двајца ученици нападнале врсник во основно училиште во Аеродром, трет го снимал нападот

Макфакс

28/11/2026

13:40

90

Големина на фонт

а а а

Полицијата го истражува нападот врз малолетник во основно училиште во Аеродром, каде двајца ученици нападнале врсник, а трет го снимал инцидентот со мобилен телефон.

Полицијата истражува физички напад врз малолетник во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје. Според пријавата, двајца врсници го нападнале, додека трет малолетник го снимал инцидентот со мобилен телефон.

Случајот бил пријавен на 27 ноември во Министерството за внатрешни работи, а нападот, според пријавеното, се случил два дена претходно, на 25 ноември.

Од МВР информираат дека преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот.